Синдром на празно гнездо: Што треба да направат родителите кога детето ќе го напушти домот

2 mins read

Секој родител тежнее кон осамостојување на своето дете. Меѓутоа, притисокот и емотивната криза на родителот настапуваат во оној момент кога и последното дете ќе го напушти семејното гнездо.

Иако некои родители по заминувањето на детето ќе почувствуваат олеснување други пак често ќе се соочат со осаменост но и депресија. Станува збор за клиничко нарушување или дијагноза која се јавува во повозрасниот животен период кој е познат како синдром на празно гнездо, односно заминувањето на децата од домот.

Менди Крафорд е советничка која неколку пати го почувствувала овој синдром. Првпат кога нејзините деца по разводот заминале да живеат со нивниот татко, па по некое време се вратиле кај неа. А вториот пат кога конечно, како возрасни и функционални единки од општеството, го напуштиле нејзиното мајчинско крило.

Фото: Unsplash/Eye for Ebony

„Никогаш не е лесно. Како родители често забораваме да ја гледаме пошироката слика на работите и случувањата“, раскажува таа.

Менди која ги подучува луѓето со животни вештини и зборува за зајакнување на сопствената личност, ги советува родителите на своето празно гнездо да гледаат како на прилика.

„Постои чувство на празнина кога децата ќе заминат и важно е тоа да си го признаете на себе си, но факт е дека постои и многу поголема заедница на која и припаѓаме“, изјави таа.

Фото: Unsplash/Caroline Hernandez

Овој вид на искуство кое го доживуваат една третина од родителите е често емоционално изразено, особено затоа што резултира со бројни промени кои се поврзани со помешани чувства на радост и гордост, но и тага и болка.

Што би требало да направите кога ќе дојдете до оваа фаза во животот?

Сoветничката која поминала низ овој животен циклус препорачува дека би требало да се завртите кон другите работи. Дружењето со пријателите и семејството, истражувањето и унапредувањето на своите вредности, поврзувањето со партнерот, пронаоѓањето на хоби… се само некои од потенцијалните можности за вашето закрепнување и навикнувањето на неизбежните промени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

РИК ги објави резултатите од изборите: Победа за Вучиќ со 58,59 отсто од гласовите

Следно

ФОТО: Ѓоковиќ е апсолутен владетел, а сега имаме и нов доказ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian