Што е „тажна храна“ и зошто е опасна за организмот?

2 mins read

Познатиот американски клинички невропсихијатар д-р Даниел Амен во своите книги често ги обработувал темите за здравиот живот, навиките во исхраната, корелациите на мозокот и душата, па се осврнал и на нездравата храна која треба да ја избегнуваме за да се чувствуваме подобро и физички и психички.

Групата нездрави намирници ја окарактеризира како „тажна храна“, бидејќи тие во нас предизвикува лошо расположение, ја креваат напнатоста, ни го намалуваат нивото на енергија итн. Како пример, ја навел неговата омилена брза храна – пицата. Сите ја сакаат пицата, брзо се подготвува, евтина е и нè заситува, а и никој не може да оспори колку е вкусна.

„Оваа храна брзо ви дава енергија, а потоа ве изморува. Кога станува збор за замрзнатата пица, научните инженери работеле на неа за да го направат вкусот да ги „запали“ центрите за задоволство, и да испуштаат супстанции кои предизвикуваат чувство на радост. Поради тоа се „навлекуваме“ на брзата храна, но таа е преполна со нездрави состојки кои подоцна влијаат на нашето здравје. Не се работи само за физичката состојба на организмот, туку и за психичката“, рекол д-р Амен.

Д-р Амен во својата книга, типичниот американски начин на исхрана го нарекува „тажна диета“ (САД – стандарна американска диета).

„Содржи супстанции кои лошо влијаат на менталната, емоционалната и физичката благосостојба. Ваквата исхрана го зголемува ризикот од деменција, високиот крвен притисок, срцевите заболувања, ракот, анксиозните нарушувања и другите здравствени проблеми“, рекол невропсихијатарот кој веќе 30 години ја истражува врската помеѓу храната и состојбата на организмот.

Ова се видовите намирници кои предизвикуваат замор, стрес, па дури и вознемиреност и чувство на безнадежност, ако ги јадеме секој ден:

– Преработена храна
– Храна полна со пестициди
– Намирници кои предизвикуваат скок на шеќерот во крвта
– Храна со ниска содржина на влакна
– Вештачки бои и засладувачи
– Намирници полни со хормони
– Намирници од животинско потекло третирани со антибиотици
– Храна во пластична амбалажа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарија на чекор од испраќање воена помош на Украина

Следно

Главните 14 менаџери на ФИФА зеле вкупно 17,2 милиони евра годишни плати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian