РИК ги објави резултатите од изборите: Победа за Вучиќ со 58,59 отсто од гласовите

2 mins read

Републичката изборна комисија (РИК) вечерва ги објави резултатите од претседателските избори на 100 отсто обработени избирачки места во Србија,

Претседателот на РИК, Владимир Димитријевиќ на седницата на РИК кажа дека бројот на избирачи кои се запишани во избирачкиот список е 6.305.816, излегле 3.697.147 граѓани, а гласале 3.681.561.

– Неважечки ливчиња се 87.445, а бројот на важечки ливчиња изнесува 3.594.116, изјави Димитријевиќ.

Тој ги објави и прелиминарните резултати од претседателските избори:

Александар Вучиќ, кандидат на коалицијата „Александар Вучиќ – Заедно можеме се” – 58,59 отсто – 2.157.008 гласови

Здравко Понош, кандидат на коалицијата „Обединети за победа на Србија” – 18,32 отсто – 674.567 гласови

Милош Јовановиќ, кандидат на коалицијата „Нада” – 5,97 отсто – 219.970 гласови

Бошко Обрадовиќ, кандидат на коалицијата „Патриотски блок” – 4,38 отсто – 161.212 гласови

Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, кандидат на „Српската партија Заветници” – 4,25 отсто – 156.635 гласови

Билјана Стојковиќ, кандидат на коалицијата „Мораме” – 3,20 отсто – 117.784 гласови

Бранка Стаменковиќ, кандидат на коалицијата „Суверенисти” – 2,03 отсто – 740.866 гласови

Миша Вациќ, кандидат на групата граѓани „Српски патриот – Миша Вациќ” – 0,87 проценти – 32.074 гласови.

Според РИК, најмногу гласови освоила коалицијата околу Српската напредна странка – 42,97 отсто од гласовите или 1.576.082 гласа, што би им донело 120 мандата според досегашните резултати, од 250 пратенички места во српскиот Парламент.

Коалицијата Обединети за победа на Србија освои 13,57 отсто од гласовите (38 пратенички места), коалицијата околу Социјалистичката партија на Србија (СПС) 11,50 отсто (32 места), а коалицијата НАДА на ДСС – 5,39 отсто од гласовите (15 места).

Цензусот го поминаа и коалицијата на екологистите Мораме, која освои 4,63 отсто (12 места), десничарските Патриотски блок на Двери 3,83 (10 места) и Заветници 3,74 (10 места).

Пратеници ќе имаат и малцинските партии, односно Сојузот на војводинските Унгарци со шест мандати, Аманет на муфтијата – три мандати, Заедно за Војводина и СДА Санџак два мандата.

Цензусот не го поминаа Коалицијата на Албанците, Суверенистите, Српската радикална партија, Ајде луѓе и Киднапираните бебиња.

Според резултатите на РИК, малцинските листи на Алтернативи за промени, Ромската партија и Алијансата на руското малцинство нема да влезат во српскиот Парламент.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лефков: За тие 132.000 граѓани има податоци за етничка припадност и во Агенција за вработување, но во пописот не се внесени

Следно

Синдром на празно гнездо: Што треба да направат родителите кога детето ќе го напушти домот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian