Пропаднаа преговорите меѓу СОНК и Владата, сѐ поизвесен штрајк на просветарите од 11 април

1 min read

На вечерашната средба во Министерството за финансии, двете страни не се договорија околу синдикалните барања за усогласување на платите во образованието со минималната плата.

Од СОНК велат дека Владата очигледно несериозно ја сфаќа најавата за штрајк на просветарите и вработените во градинките, кој треба да почне следниот понеделник.

-Немаме краткорочно решение со кое веднаш ќе се зголемат платите на дејностите што ги застапуваме. За жал никаков процент и бројки не беа изнесени на маса. Излегуваме разочарани што немаме што да пренесеме на јавноста и членството, изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков, по средбата со членовите на Владата околу зголемувањето на платите на дејностите кои се под капата на СОНК.

-Ни рекоа дека зголемувањето од 18,4 % колку што бараме ќе дојде до потрес на буџетот, но и поради инфлацијата, што не се согласуваме, рече Неделков пред новинарите.

Од Владата, пак, предупредија дека ќе има казни ако градинките одлучат да не ги примаат децата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Започнува третата сезона на „Твинго Куп“, Македонија ќе има девет возачи

Следно

Симовски: Направена е техничка грешка, но корегирана е и се извинивме за тоа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian