Почина Снежана Никшиќ, легендарната српска актерка и сопруга на Љуба Тадиќ

3 mins read

Српската актерка Снежана Никшиќ, актерката и сопруга на великанот Љуба Тадиќ, почина синоќа на 79-годишна возраст во Белград, по кратко боледување, потврдиле нејзините колеги за српски „Курир“.

На неполни 18 години ја играше насловната улога во претставата „Кротка“ на Фјодор Михајлович Достоевски на сцената на Југословенскиот драмски театар во Белград.

Своето филмско деби го имала во 1965 година („Инспектор“, на Мило Ѓукановиќ), потоа следувале „Среќните умираат двапати (Гојко Шиповац, 1966) и „Пред војната“ (Вука Бабиќ, 1966). Снежана глумела главни и поголеми споредни улоги во петнаесет филмови, од кои се издвојуваат „На хартиени авиони“ (1967) „Приказна што не постои“ (1967) и „Поздрав до Марија“ (1969) на Матјаж Клопчиќ. Во познатиот филм на Горан Марковиќ „Мајстори, мајстори“, чија 40-годишнина ја прослави во 2020 година, таа ја играше Гордана, професорка по англиски јазик. Снежана не се појавила на прославата.

Снежана Никшиќ била жена која одамна го освои срцето на Љубо Тадиќ, а како што тој зборувал, го кренала од пеколот.

Љуба Тадиќ и Снежана Никшиќ се запознале во Ателје 212 во седумдесеттите. Љуба бил во целосна креативна сила, а Снежана на почетокот на својата актерска кариера.

Како што пишувал тогашниот печат, Снежана била млада и убава жена која пленела со својата харизма.

Меѓутоа, додека ѝ се додворуваше тогаш на убавата Снежана, Тадиќ поминувал низ еден од најтешките периоди во животот. Актерот наводно имал проблеми со алкохолот. Снежана била таа што го извлекла од тој пекол.

– Има човек со подеми и падови. Тоа беше времето на моите падови. Големите луѓе имаат малку суета. Ми требаше цел живот да го научам тоа. Снежана ме извлече од тој пекол. Кога ја здогледав неа на проба во Ателје, како да го видов Сонцето – изјавил Љуба во една прилика.

Но, проблемите не завршиле тука. Снежана беше мажена, но Тадиќ не се грижел за тоа.

– Знаев дека е мажена, но не ме интересираше. Следната приказна најдобро ќе ви покаже колку бев опседната со неа. Ѝ додевав после пробата да се видиме. Таа брзо чекореше низ ходниците на „Ателје 212“, а подоцна и по улицата, надевајќи се дека ќе се откажам. „Јас сум мажена жена“, ми повторуваше таа. Кога таа влезе во нејзиниот автомобил, не се откажав. Трчав по улицата по неа. Не се срамев. Се вљубив, а вљубениот човек нема од што да се срами, под услов да е учтив и пристоен“, изјави Љуба.

Кога Снежана се развела, почнала да живее со Љуба. Тие поминаа две и пол децении заедно.

Иако била успешна актерка, таа самоволно се повлекла од театарот во средината на деведесеттите, затоа што сакала да му се посвети на Љуба, чие здравје беше сериозно нарушено поради борбата со дијабетесот.

Доајенот на српското глумиште почина во 2005 година.

Инаку, Снежана ја имаше последната улога во 2009 година, во филмот „Брза помош“ на Горан Радовановиќ.

 

 

 

 

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови смарт-табли во училиштата во Аеродром

Следно

Разговор со Љубомир Савевски: Мора да направиме спој на младост и искуство во репрезентацијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian