По речиси една деценија Тимур Дибиров заминува од Вардар

1 min read

Рускиот ракометар Тимур Дибиров најави дека на крајот од оваа сезона ќе ги напушти редовите на Вардар 1961, по цели девет години во кои со „црвено – црните‘ освои две европски титули.

– Ова е мојата последна сезона во дресот на Вардар. Натпреварот со Веспрем беше мојот последен во Лигата на шампиони. Најмногу би сакал во Битола да го победиме (Еурофарм Пелистер) и да ја освоите титулата, и на тој начин да се простам од дресот на Вардар, изјави Дибиров во видеоинтервју за „Само ракомет“ (samorakomet.mk).

Дибиров во 2013 година се пресели од Чеховски медведи во Вардар и се стекна со статус на играчка икона во скопскиот клуб со кој во два наврати ја освои европската Лига на шампиони.

Руското 38-годишно лево крило му помогна на Вардар да освои и по шест титули во домашното првенство и куп, три титули во Суперкупот, како и четири трофеи во регионалната СЕХА лига. 

skopjeinfo.mk

Претходно

СОНК и властите вечерва преговараат за платите, ќе го откаже ли синдикатот најавениот штрајк?

Следно

Ескобар: Корупцијата во БиХ е најтешка тема на Западен Балкан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian