Ѓоковиќ прв на АТП листата со 10 бодови повеќе од Медведев

1 min read

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 364 недела на првото место на АТП ранг-листата. Ѓоковиќ има моментно 8,420 бодови, само 10 повеќе од второпласираниот Данил Медведев од Русија.

Русинот објави дека мора да оди на операција и поради тоа ќе ја пропушти сезоната на земја.

Од друга страна Ноле го чека тешка задача да го одбрани тронот, бидејќи брани голем број на поени на турнирите на земја, за разлика од Медведев.

На третата позиција се наоѓа Александар Зверев од Германија, пред Шпанецот Рафаел Надал. Следуваат Стефанос Циципас (Грција) и Матео Беретини (Италија) на петтото и шестото место, а седмопласиран е Норвежанецот Каспер Руд.

Карлос Алкараз од Шпанија со освојувањето на мастерсот во Мајами напредуваше за пет места и сега е 11 играч на светот, што е негов најдобар пласман во кариерата.

АТП листа:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 8,420 бодови
2. Данил Медведев (Русија) 8,410
3. Александар Зверев (Германија) 7,195
4. Рафаел Надал (Шпанија) 7,115
5. Стефанос Циципас (Грција) 5,980
6. Матео Беретини (Италија) 4,945
7. Каспер Руд (Норвешка) 4,380
8. Андреј Рубљов (Русија) 4,375
9. Феликс Оже-Алијасим (Канада) 3,625
10. Камерон Нори (Велика Британија) 3,440

ВИДЕО: Ѓоковиќ ги започна подготовките за настап на првиот голем турнир годинава

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонскиот филм „Северен пол“ ќе има американска премиера во музејот „МоМА“ во Њујорк

Следно

Малолетник украл пари од аптека во Скопје, полицијата го привела

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian