Нови смарт-табли во училиштата во Аеродром

1 min read

Основните училишта во Аеродром добија нови смарт-табли во рамките на проектот „Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во основните училишта во Општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода“ чиј носител е Центарот за развој на Скопски плански регион.

За училиштата во Аеродром се обезбедени 18 смарт-табли, односно за секое по две, вклучително и за подрачното училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче. Со оваа соврмена опрема се следи чекорот на интегративните процеси на дигитализацијата која се одвива во сите општествени сегменти, вклучитело и во образованието. 

Општина Аеродром и во претходниот период обезбеди смарт-табли за сите училишта, а процесот на дигитализација продолжува и во иднина како еден од главните приоритети на градоначалникот Тимчо Муцунски. Во периодот што следува се планира набавка и на таблети за учениците, со што ќе им се олесни учењето и уште повеќе ќе им се приближи современиот образовен систем.
 

skopjeinfo.mk

Претходно

Март постуден од вообичаено и потпросечно сув месец

Следно

Почина Снежана Никшиќ, легендарната српска актерка и сопруга на Љуба Тадиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian