Муцунски: Општина Аеродром не дала позитивно мислење за копање на песок и чакал на локалитетот во Долно Лисиче

1 min read

-Се спротивставуваме на намерите на централната власт да се копа песок и чакал на локалитетот во Долно Лисиче, порача денеска првиот човек на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

-Општина Аеродром преку надлежното Министерство за економија ќе достави барање за укинување на одлуките за доделување концесија поради неисполнетост на условите од Законот за минерални суровини и тоа: Нема позитивно мислење за бараната концесија од Општина Аеродром – не е донесена одлука на Совет. Не се доставени примероци од договорите за концесија, склучени по конкретните одлуки за доделување концесија, појаснува тој. 

Муцунски рече дека пристигнати се бројни реакции од жителите на локалитетот Долно Лисиче, како засегната јавност, со барања за заштита на животната средина и спречување на експлоатација на минерални суровини којашто може да биде штетна за квалитетот на животната средина, животот и здравјето на луѓето или емисија од којашто може да произлезе штета за имотот.

-Од Министерството за економија бараме податоци за сите одлуки за концесии на територијата на локалната самоуправа зошто од нив треба да има прилив во буџетот на Општината, а досега не сме известени за тоа. Владата се спротивставува на интересите на граѓаните од Долно Лисиче, владата се спротивставува на насоките за заштита на животната средина и затоа преземаме конкретни чекори за да постапиме против ваквата одлука од владата, вели Муцунски. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Битиќи: Државата ги презеде сите механизми што ги има в раце за спроведување на антикризните мерки

Следно

Бугарија на чекор од испраќање воена помош на Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian