Малолетник украл пари од аптека во Скопје, полицијата го привела

1 min read

Полициски службеници од Полициската станица Центар вчера во 20.55 часот на ул.„Димитрија Чуповски” во Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје.

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека претходно со употреба на сила влегол во аптека на ул.„Македонија” и одзел пари.

-Кај него биле пронајдени парите и ќе бидат вратени на сопственикот. Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоковиќ прв на АТП листата со 10 бодови повеќе од Медведев

Следно

Март постуден од вообичаено и потпросечно сув месец

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian