Лига Европа, Бабиќ: Подготвени сме за реваншот против Нексе

1 min read

Екипата на Е. Пелистер претрпе пораз во првиот натпревар од осминафиналето во Лига Европа против Нексе во Хрватска со резултат 29:26.

Во вторник (5 април) со почеток од 18.45 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе се игра реваншот во кој играчите на Жељко Бабиќ ќе се обидат пред своите навивачи да ја анулираат негативата.

Хрватскиот тренер на македонскиот вицешамшион потенцира дека сака неговиот тим да ја продолжи европската пролет.

– Се подготвуваме нормално, иако имавме натпревар во саботата. Одигравме агресивно и добро, па победивме. Имавме видео анализа на Нексе, денеска ќе имаме тренинг со понизок интензитет, како и утре пред дуелот. Сметам дека екипата на Нексе по еден параметар е меѓу подобрите во Европа, ама не сакам да откријам за што се работи.

Ние сме подготвени за реваншот. Периќ не е 100% спремен, се враќа по повредата. Секако дека тој е важен играч, капитен е на тимот, ама екипата покажа дека може да победува и без него. Сакам тој секогаш да е тука, но во Е. Пелистер тимот е посилен од поединците – вели Бабиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Славниот актер проговори за траумите: Сè уште не можам да се помирам со тоа, имам ПТСН

Следно

„Слободен печат“: Руската агресија ги менува сметките на Софија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian