Лефков: За тие 132.000 граѓани има податоци за етничка припадност и во Агенција за вработување, но во пописот не се внесени

1 min read

Законот за попис беше повлечен од собраниска процедура после 21 часовна седница за ГАМА, и истиот беше вратен со европско знаменце со само три дена за расправа. Власта го донесе законот без јавна дебата, без учество на јавноста. Тоа се моментите кога започна падот на кредибилитетот на пописот во кој би требало да веруваме сите, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во Анализа на ТВ24.

Тој додаде дека сето тоа беше дополнително засилено со тоа што недостасуваа попишувачи, проблеми со софтверот за што и самиот директор на ДЗС сам призна, а имаше денови во кои не функционираше.

– Сето тоа со овие податоци каде не може да вкрстат 132.000 луѓе а впрочем е предвидено со закон дека ќе има комбиниран метод, покажува дека пописот е нецелосен. Фактички кога ќе ги погледнеме резултатите од пописот ќе видиме дека има 10 графи со деноминација кај христијаните, една кај муслиманите, ќе видиме дека тие 132.000 за кои имаат податоци и за јазик и за етничка припадност ги нема во пописот, рече Лефков.

Лефков нагласи дека во вкрстените бази е и Агенцијата за вработување, а во електронските обрасци на агенцијата М1 и М2 стои етничка припадност и прашање е дали ДЗС побара и од АВРМ вкрстување од нивните бази.

kurir.mk

Претходно

Почина Петар Сканси, легендата на југословенската кошарка

Следно

РИК ги објави резултатите од изборите: Победа за Вучиќ со 58,59 отсто од гласовите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian