Косово е подготвено за дијалог, но Србија го одолговлекува процесот, вели претседателката Османи

1 min read

Косовската претседателка Вјоса Османи вели дека Србија се труди да го одолговлече процесот на дијалог меѓу двете држави, со цел да го претстави статусот на Косово како „незавршен процес”.

Во нејзиното обраќање пред новинарите по повод првата годишнина од стапувањето на должност на чело на државата, Османи порача дека косовските институции се подготвени за дијалог со Србија за нормализирање на односите меѓу двете држави, „секогаш кога ќе бидат повикани од Европската унија”, која посредува во преговорите.

– Косовските институции ја информираа ЕУ дека се подготвени да учествуваат во дијалогот, секогаш кога ќе бидат повикани од ЕУ. Никогаш откажувањето на дијалогот не било поради неприсуство на делегација од Косово. Јас можам да ја гарантирам волјата на Косово за ангажирање во меѓусебното признавање, но не можам да гарантирам како ќе се однесува Србија. Нивните однесувања покажуваат дека нивна цел е процесот на дијалог да се развлекува, изјави Османи.

Според косовската претседателка, „доколку се слушаа заканите од Србија, Косово никогаш немаше да се прогласи за независна и суверена држава”.

Меѓутоа, порача Османи, „Косово не ќе можат да го урнат никогаш, бидејќи тој процес веќе е завршен”

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанка пријавила напад од поранешниот партнер

Следно

Славниот актер проговори за траумите: Сè уште не можам да се помирам со тоа, имам ПТСН

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian