Голем неделен хороскоп (04 април – 10 април): Близнаците ќе бидат успешни во проектите, а Стрелците ќе имаат голем прилив на пари

8 mins read

Овен

Планетите упатуваат на успех во креативната или уметничката работа, како и на корист од поддршката на некои луѓе. Ќе бидете истрајни и издржливи, но склони кон истерување на правдата без влакна на јазикот. Ќе плените со привлечниот изглед и шарм. За тие кои се сами оваа недела е одлична за вистинска акција, заведете ја или повикајте ја на дружење личноста која ви се допаѓа. Сонцето во знак на Овен е заслужно за вашата виталност и оптимизам. Доколку имате вишок килограми, со трчање или кардио вежби лесно ќе ги намалите.

Бик

Влијанието на Меркур ќе ве натера нешто да сокриете или преку обиколни патиша да ги остварите амбициите. Ќе ви се разоткријат нејасните работи и ќе откриете некои деловни тајни. Проектите ќе ви бидат исклучително успешни. Венера во Риби им носи на Биковите ветување за добра прилика. Осамените нема да можат да се пожалат на досада бидејќи во нивниот живот ќе дојде некој друг. Ќе бидете расположени и забавни па ќе одговарате на повиците од пријателите за излегување. Но Марс ве предупредува, внимавајте на опасните спортови.

Близнаци

Следните денови ќе имате бројни шанси за да ги подобрите односите со луѓето околу себе. Со малку поголема отвореност, се ќе излезе на подобро. Ваше е да се потрудите. Ќе барате нешто, а ни самите нема да бидете сигурни што е тоа. Поради тоа повремено ќе делувате збунето, како себеси, така и на колегите. Застанете и размислете кои се вашите деловни цели и приоритети. Внимавајте на здравјето, особено доколку имате висок крвен притисок.

Рак

Деновиве нема да дојде до значајна промена во вашите лични односи. Ќе имате навистина доволно мотивации, а особено за комуникација, па многумина со зборови ќе го надоместиваат она што им недостиганна емотивен план. Ќе успаеат во тоа. Прегледот на минатиот период ви буди надеж во другите, но не ја подигнува вашата лична самодоверба. Сепак, овие денови ќе имате шанси за повеќе да се покажете и да ги докажете своите работни способности затоа не се двоумете, туку засукајте ги ракавите и работете. Започнете да спортувате.

Лав

Малку нов поттик во вашиот љубовен живот ќе ја освежи вашата врска. Затоа дајте се од себе за да осигурате квалитетен однос со личноста која ви се допаѓа. Ќе има малку нервоза и недоразбирања, но не им придавајте значење. Пред вас се предизвици на креативност и храброст. Само со примена на такви вештини можете да успеете. Повлеченост или механичко одработување моментално не ви се добро поставени. Клучот на успехот за вас се наоѓа во прифаќање на предизвиците. Кога станува збор за здравјето најдете содржини што ви се допаѓаат.

Девица

Без оглед на секогаш неповолните љубовни околности , вие ќе бидете оптимист. Затоа нема да бидете сами, туку ќе излегувате меѓу луѓе. Ќе бидете одлично прифатени поради позитивниот став. Така со сопственото однесување ќе си го подобрите интимниот живот. Се што ќе работите некако ќе оди во сенка. Сепак , поради тоа што сте свесни за своите претходни успеси, тоа што сега не сте во прв план , нема да ви пречи како што се случувало претходно. Не може сите коцкички во исто време да си дојдат на свое место. Посветете и малку повеќе внимание на здравата исхрана.

Вага

Саканата личност ќе зрачи многу повеќе од вас, па слободно препуштете и да ве води. Таа овие денови значително подобро ќе го осмисли вашето слободно време, отколку вас самите. Препуштете и се со доверба. Бидете како дете и уживајте во животот. Чекате други да дадат свое мислење за она што сте го сработиле со своите соработници. Тие ќе ве поддржат , а вие самите од себе ќе барате уште повеќе. Понекогаш вашите очекувања ќе бидат нереално високи. Бидете пореални и пољубезни. Внимавајте на квалитетот на исхраната.

Скорпија

Оние кои се во врска ќе се трудат уште повеќе да го зацврстат односот со саканата личност. Ќе ,,поработат” уште некои мали правила што ќе бидат основа за постабилни критериуми во меѓусебните односи. Оние кои уште се сами, нема премногу да излегуваат, но ќе бидат добро. Веројатно ќе имате зголемен обем на обврски, но бидејќи нивниот карактер во најголем дел ви е интересен, нема да ви биде тешко да работите. Проблемот ќе биде во недостиг на енергија, па подгответе подобар план и штедете си ја силата. Расте вашиот интерес за грижа за здравјето. Наспијте се.

Стрелец

Ова е претерано поволен период за финансиите, не сепак немојте да ризикувате со големи инвестиции. Наскоро ќе добиете многу добра идеја која ќе ви донесе интересни проекти. Не паѓајте под туѓо влијание и не ги слушајте советите на другите. Ова е поволен период за работа, вложете се максимално. Склони сте на бурни реакции и кавги со саканото лице. Не се оптеретувајте со малите грешки кои ги прави партнерот, дајте му простор. Можна е настинка, внимавајте топло да се обелкувате.

Јарец

Наскоро ќе добиете многу добра идеја која ќе ви донесе интересни проекти. Вложете максимален труд, не двоумете се. Очекувајте и солидно зголемување на паричните средства. Деловната промена ќе се случи кај лицата со униформи. Останатите ќе имаат вообичаена работна недела. Ќе ви недостасува возбуда во врската. Посмелите ќе стапат во тајна врска. Можни се проблеми со респираторните органи. Неделава исто така може да страдате и од зголемен крвен притисок.

Водолија

Ќе имате одлични идеи и предлози. Другите ќе ве сметаат за иноватор и ќе ви бараат совет за речиси се. Ова е многу важна недела за сите Водолии. Ќе доживеете големи деловни промени. Колегите може да забележат дека камуфлирате нешто. Доколку сте во врска со Вага, Бик или Шкорпија можете да очекувате некој важен чекор или случување. Здравјето оваа недела ќе ви биде одлично, продолжете со спортските активности.

Риби

Можно е дека оваа недела да имате чувство дека ништо не ви оди од рака. Посоветувајте се со личност родена во знакот на Девица. Доколку имате проблем на работа, послушајте го советот на некоја Девица или други Риби. Тој совет многу ќе ви помогне. Иако би сакале малку повеќе возбуда во врската, оваа недела ќе пројдете без големи проблеми. Можни се повреди, бидете внимателни.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Андоновиќ: Војната во Украина ја зацементира десната опција во Србија и Унгарија

Следно

Петровска: Ние сме на праведната страна на историјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian