Главните 14 менаџери на ФИФА зеле вкупно 17,2 милиони евра годишни плати

1 min read

Овие 17,2 милиони евра ги вклучуваат платите на претседеталот на ФИФА Џани Инфантино, потоа генералниот секретар Фамта Самура, двајцата заменици генерални секретари и 10 шефови на дивизии

Главните 14 менаџери на Светската фудбалска организација ФИФА за 2021 година добиле годишни плати од вкупно 17,2 милиони долари, односно во просек секој по 1,23 милион евра. Ова е објавено во годишниот извештај на ФИФА. Сумата е малку помала во споредба со онаа што истите топ-менаџери на ФИФА ја зела за 2020 година.

Овие 17,2 милиони евра ги вклучуваат платите на претседеталот на ФИФА Џани Инфантино, потоа генералниот секретар Фамта Самура, двајцата заменици генерални секретари и 10 шефови на дивизии.

Инфантино за минатата година зел вкупна основна бруто плата од 1,9 милион евра, и уште еден милион евра додатоци. Самура за 2021 година зела 1,27 милион евра годишна бруто плата, плус додатоци од речиси 300.000 евра. Обајцата зеле исти плати и за 2020 година.

За минатата година забележан е зголемен износ на трошоци за плаќање на целиот персоналот на ФИФА, а вкупната сума изнесувала 193 милиони евра. За претходната година тој износ бил понизок, односно 181 милион евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што е „тажна храна“ и зошто е опасна за организмот?

Следно

Скопјанка пријавила напад од поранешниот партнер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian