ФОТО+ВИДЕО | Најинтересните моменти на наградите Греми низ годините

5 mins read

Вчеравечер се одржа 64. издание на еден од најпрестижните настани во музичката индустрија – наградите Греми, а најзаслужните музичари си отидоа дома со своите златни грамофони.

ГАЛЕРИЈА | Ова се победниците на годинашните Греми: Голем триумф на Џон Батист и Силк Соник

Првата церемонија на наградите Греми се одржала на 4 мај 1959 година, а била одржана во чест на музичките достигнувања од страна на изведувачите во 1958 година. Оттогаш, бројни ѕвезди биле наградени за своите извонредни достигнувања во музичката индустрија.

Во продолжение, ќе се потсетиме на едни од најинтересните моменти на сцената, но и на црвениот килим на престижните музички награди.

Зелениот Версаче фустан на Џенифер Лопез

Пејачката Џенифер Лопез носеше зелен свилен фустан од Версаче на 42. доделување на Греми наградите и ова парче облека веднаш доби значителна глобална медиумска покриеност. Многумина го сметаат овој фустан за пресвртница во кариерата на дизајнерката Донатела Версаче по смртта на нејзиниот брат, Џани Версаче.

Фото: Profimedia

Невообичаена музичка комбинација

Целиот свет беше изненаден кога поп иконата Елтон Џон и раперот Еминем заедно ја изведоа баладата „Stan“ за време на наградите Греми во 2001 година. Овој потег бил да се замолчат злобните коментари дека Еминем е хомофоб и дека е насилник и криминалец. Можеби ќе се изненадите, но по овој настап се родило долгогодишно пријателство меѓу пејачот и раперот.

Рап версус рок

Кога музичката рок група Evanescence го победи 50 Cent во категоријата Најдобар нов артист во 2004 година, раперот се качи на сцената за време на говорот на членовите на групата, нешто што целосно ја збуни публиката. Може да се каже дека 50 Cent беше прилично разочаран што си оди дома со празни раце.

Настап пред пораѓање

За време на 51. доделување на Греми наградите, британската хип-хоп артистика M.I.A. настапи непосредно пред нејзиниот термин за пораѓање. Таа без проблем ја изведе песната „Swagga Like Us“ заедно со T.I., Лил Вејн, Џеј Зи и Канје Вест. Три дена подоцна, таа стана мајка на здраво момче.

Фото: EPA/ANDREW GOMBERT

Јајце на црвениот тепих

Како што се очекуваше, Лејди Гага беше најголема атракција на Греми наградите во 2011 година. Пејачката пристигна во големо јајце на црвениот тепих, а потоа и се „испили“ на сцената. Дефинитивно, авангардно и бизарно во исто време.

Лејди Гага јајце Греми
Фото: EPA/MIKE NELSON

Незаслужена награда?

Кога албумот „The Heist“ беше прогласен за најдобар албум на годината, дури и самиот Меклмор беше изненаден. Таа година, раперот Кендрик Ламар бил главен фаворит, па Меклмор почувствувал потреба да му се извини. „Ти си ограбен. Јас сакав ти да победиш“, му напишал тој на Ламар.

Фото: EPA/PAUL BUCK

Божествена трудница

Бијонсе ја воодушеви публиката со својот неверојатен златен фустан и прекрасната круна за време на настапот во 2017 година. Во тоа време, таа беше бремена со близнаците Сер и Руми и, според многумина, пејачката беше божествена трудница на сцената.

Адел со најдобар албум

Бијонсе и Адел имаа навистина квалитетни албуми во 2016 година, но Националната академија за запис на звукот и уметностите одлучи да ѝ го додели златниот грамофон на талентираната Британка. Адел го искористи говорот за да ѝ се заблагодари на Бијонсе за нејзиниот монументален албум „Lemonade“, кој исто беше номиниран, а зад сцената изјави дека таа самата гласала за албумот на Бијонсе.

Фото: EPA/MIKE NELSON

Емотивниот настап на Деми Ловато

Еден од најемотивните моменти на наградите Греми во 2020 година беше настапот на пејачката Деми Ловато, која триумфално се врати на сцената со својата песна „Anyone“. Текстот на оваа песна Деми го напишала за само четири дена пред да се предозира и да биде хоспитализирана. Моментот беше толку емотивен што Ловато мораше да ја започне песната одново.

ФОТО | Бруно Марс запали цигара на сцената на Греми наградите: Што е следно?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украина е важна, но и Босна беше пред 30 години – Каде беше тогаш негодувањето?

Следно

Акраповиќ повеќе нема да биде тренер на ФК Шкендија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian