ФОТО+ВИДЕО: Муслиу во тимот на колото во втората Бундеслига

1 min read

Екипата на Инголштад во 28 коло од втората германска лига на домашен терен минимално славеше со 3:2 над Ауе.

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу придонесе во победата со гол во 28 минута од средбата за зголемување на позитивата на 2:0.

За нашиот дефанзивец, кој го одигра целиот меч, ова беше прв гол (од осум настапи) во дресот на Инголштад кој ја забележа само четвртата победа сезонава.

Благодарение на одличните перформанси на Мислиу, тој се најде во тимот на колото во изборот на „Кикер“.

На шест кола до крајот на шампионатот составот на Рудигер Рем и натаму е последнопласиран во втората Бунделсига со 18 бодови, 13 помалку од Сандхаузен на 15 место кој засега е во безбедната зона.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Невообичаено пријателство: Девојче направи сладок гест за работник во продавница

Следно

Денес се празнува: Светиот свештеномаченик Никон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian