Пред месец дена, синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Иван Иванов, се ожени со прекрасната Јана, откако во октомври минатата година се верија. А, сега семејствата Иванов и Кочов имаат уште една причина за среќа. Иван и неговата сопруга Јана станаа родители.
ФОТО | Се ожени синот на Ѓорге Иванов: Иван и Јана го кажаа судбоносното „да“
Заљубениот пар доби син, а радосната вест на социјалните мрежи ја споделија и двајцата родители и нивното семејство. Таткото на сопругата Јана, Атанас ја објави радосната вест на неговиот профил и напиша:
„Добредојде Принцу! Прво внуче! Ви благодарам Јана & Иван! Welcome to the World!“.


„Таа ме освои со шармот, насмевката, нивото на промислување на работите околу себе, со нејзината интелегенција, секако и убавина. Пред сè ме освои со тоа што беше таа вистинската, едноставно работите течеа по природен пат“, рече Иван минатата година.
Новопечениот татко во повеќе наврати зборувал како Јана е љубовта на неговиот живот, па сега ќе му се придружи уште една. Здраво и живо нека е!