ФОТО: Ѓоковиќ е апсолутен владетел, а сега имаме и нов доказ

1 min read

На социјалните мрежи се појави листа на најуспешни тенисери за време на пандемијата на коронавирус, на истата води Новак Ѓоковиќ.

Откако тенисот почна да се игра по неколкумесечна пауза поради коронавирусот, во август 2020 година, српскиот ас е на првата позиција на четири различни листи.

Во прашање се процентуално остварени победи на сите турнири, па триумфи на грен слемовите и мастерсите, и триумфи над Топ 10 и Топ 20 играчи.

Во секоја од споменатите четири категории, Ѓоковиќ е прв, додека Рафаел Надал е зад него во три категории, а Данил Медведев е само втор по победи над Топ 10 тенисери.

Потсетување дека Ноле и натаму останува прв на АТП ранг-листата, со само 10 бодови повеќе од Медведев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Синдром на празно гнездо: Што треба да направат родителите кога детето ќе го напушти домот

Следно

Русија и Србија влијаат во спорот меѓу Скопје и Софија, вели бугарскиот аналитичар Владимиров

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian