Фатен малолетен крадец од Скопје

1 min read

На 03.04.2022 во 20.55 часот на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје.

Тој се сомничи дека претходно со употреба на сила влегол во аптека на ул.„Македонија“ и одзел пари. Кај него биле пронајдени парите и ќе бидат вратени на сопственикот.

Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

skopjeinfo.mk

Претходно

Симовски: Направивме печатна грешка со атеистите и ја исправивме, другите податоци од пописот се во ред

Следно

Светските агенции за изборите во Србија: Предвидувањата за Вучиќ станаа реалност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian