До 60.000 денари помош за ИТ обука за млади програмери од Гази Баба

1 min read

Општина Гази Баба објави јавен повик за финансиска поддршка на млади програмери од територија на општина Гази Баба.

За јавниот повик, градоначалникот Бобан Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук.

-Во тек е јавен повик за финансиска поддршка на млади програмери со живеалиште во Општина Гази Баба. Предмет на јавниот повик е финансиска поддршка за ИТ обука до 60.000 денари на млади програмери до 29 години со живеалиште на територија во Општина Гази Баба, согласно со утврдените критериуми во правилникот, порача тој. 

Цели на јавниот повик за финансирање е финансиска поддршка за обука, усовршување или до-едукација на млади програмери не постари од 29 години со живелиште на територија на општина Гази Баба, во некоја од напредните ИТ области во меѓународно сертифицираните едукативни тренинг центри за ИТ во Република Македонија.

-Потикнување на младите програмери слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат. Да се мотивираат младите програмери кои туку што дипломирале да размислуваат иновативно менувајќи ја нашата локална заедница во различни сегменти на нејзиното функционирање. Да се охрабрат младите програмери со до-едукација во некоја специфична област да ги препознаат своите способности, да ги усовршуваат своите вештини и да соработуваат во насока на изнаоѓање на иновативни решенија за потребите на локалната заедница. Ги потикнувам младите програмери да се пријават на јавниот повик, напиша Стефковски.

Со потребните услови може да се запознаете на следниот линк.

skopjeinfo.mk

Претходно

Николоски: Победата на Орбан е многу значајна зашто тој е голем пријател на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

Следно

ВИДЕО | Андоновиќ: Војната во Украина ја зацементира десната опција во Србија и Унгарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian