Бугарија на чекор од испраќање воена помош на Украина

2 mins read

Копретседавачот на Демократска Бугарија, дел од владејачката коалиција, Атанас Атанасов, за бугарската национална телевизија изјави дека Бугарија ќе обезбеди воено-техничка помош за Украина.
Како што пренесува бриселскиот магазин „Еурактив“, предлогот за испраќање на воено-техничка помош за Украина, партијата Демократска Бугарија до бугартскиот парламент го доставила во петокот а до крајот на неделава се очекува пратениците да се изјаснат околу оваа инцијатива.

Атанасов најави дека опозициската ГЕРБ и Движењето за права и слободи даваат сигнали дека се подготвени да ја поддржат владејачката партија, додека БСП најверојатно нема да ја поддржи одлуката.
Атанасов се осврна и на скандалот со некои вработени во Државната агенција за национална безбедност на Бугарија, кои работеле за Русија.

– Крајно време е да се расчисти. Во службите имало лица кои работеле за Русите и тие мораа да бидат разоткриени и казнети, наведе Атанасов додавајќи дека требало веднаш да има апсења. Пратеникот исто така истакна дека парламентот мора да и покаже на Бугарија дека таа е дел од западниот свет кој ја поддржува демократијата.

Во меѓувреме западните медиуми анализираат дека бугарското општество е чувствително на прашањето за испраќање воена помош за Украина, при што речиси 70 отсто сакаат Софија да остане неутрална во конфликтот меѓу Москва и Киев.

Проруската националистичка партија „Преродба“ која има силно влијание на социјалните мрежи во земјата, тврди дека Бугарија доколку испрати воена опрема во Киев ќе стане директен учесник во воениот конфликт и легитимна цел на Русија.

Засега новинските агенции пишуваат дека станува збор за помош во воена опрема од муниција и лесно пешадиско оружје наспроти првичните тврдења изнесени во бугарските медиуми дека државата планира на Украина да испрати дел од борбените авиони Миг-29 како и неколку батерии од противвоздушниот систем за одбрана С-300.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Муцунски: Општина Аеродром не дала позитивно мислење за копање на песок и чакал на локалитетот во Долно Лисиче

Следно

Што е „тажна храна“ и зошто е опасна за организмот?

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian