Затворени избирачките места низ Србија

1 min read

Низ Србија во 20 часот беа затворени избирачките места каде гласаа гласачите на претседателските и парламентарните избори.

До 19 часот на гласање излегле 54,6 отсто од гласачите, соопшти Центарот за слободни избори и демократија (ЦЕСИД). На претходните избори во 2022 година до 19 часот излезноста беше 44,9 отсто.

Изборите ги одбележаа и инциденти на повеќе избирачки места, а нападнати беа двајцата политичари Павле Грбовиќ од Движењето на слободни граѓани (ПСГ) и Братислав Југовиќ од Српската напредна партија (СНС).

Во Србија има 6.502.307 гласачи, покажуваат податоците што ги објави Републичката изборна комисија два дена пред изборите.

На изборите имаше рекорден број набљудувачи – повеќе од 5.200 од девет домашни организации и 23 странски држави, соопштија претставници на Републичката изборна комисија (РИК).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Победа на Рома во стилот на Мурињо, еден шут и еден гол

Следно

ВИДEO | Украински блогер покажа како изгледа ноќниот живот во Киев за време на војната

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian