Во боите на НАТО осветлена зградата на МНР

1 min read

Во пресрет на Денот на НАТО зградата на Министерството за надворешни работи вечерва осамна осветлена во боите на Алијансата.

– Во пресрет на Денот на НАТО, ја осветливме зградата на МНР заедно со други владини институциите во боите на Алијансата, со цел одбележување на 73 годишнината од формирањето на НАТО, објави шефот на дипломатијата Бујар Османи на Фејсбук.

Османи во објавата нагласува дека заедно со останатите 29 сојузници стоиме обединети и одлучни во определбата за зачувување на европската и трансатлантска безбедност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици

– Како кредибилен НАТО сојузник остануваме посветени во креирањето значајни одлуки и заложбите за одбрана на мирот, безбедноста, слободата и демократскиот просперитет, додава шефот на дипломатијата во објавата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Алкараз е првиот Шпанец со триумф на мастерсот во Мајами

Следно

Избори во Србија: Еве како Србите гласаа во Скопје и Куманово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian