Владата избрала шест кандидати за амбасадори, Османи одби да ги открие имињата

1 min read

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на новинарско прашање во врска со изборот на кандидати за амбасадори, наведе дека се избрани шест кандидати, но оти законски се уште не може да зборува за кои лица станува збор.

– Нема да можам да спомнам конкретни имиња. Тоа што можам да го кажам е дека е вистина оти шест кандидати за амбасадори се одобрени од страна на Владата на последниот состанок. Ќе чекаме одобрување од земјите, а потоа ќе можеме да ги коментираме нивните имиња. Според Законот, јас не смеам да ги спомнам тие имиња, рече Османи.

Повикувајќи се на извори од Владата медиумите пред неколку дена објавија дека поминале предлозите за Зоран Попов, актуелниот државен секретар во МНР, да биде испратен во Вашингтон, Теута Арифи, е предложена за амбасадор во ЕУ, во Брисел, а актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски, за амбасадор во Париз.На списокот се и Мето Белески, кариерен дипломат, кој е предложен за амбасадор во Белгија, Реџеп Демири, сегашниот генерален конзул во Минхен е предлогот за амбасадор во Швајцарија.Од ДУИ доаѓа и предлогот за Дритон Кучи за амбасадор во Осло.

kurir.mk

Претходно

Богоевски до Камчев: Извини што лошиот Груевски те стави во незгодна положба да му ги купуваш криминално стекнатите плацови на Водно

Следно

Бориславова: Бугарија нема да плаќа за рускиот гас во рубли и нема да биде уценувана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian