Виз Ер најавува нов директен лет од Скопје до европска дестинација

1 min read

Нискубуџетната компанија Виз Ер планира во текот на следниот период да започне да лета од Скопје до Марибор, поврзувајќи ги Македонија и Словенија со директна линија. Директната линија се воведува повторно по затворањето Адрија Ервејс во 2019 година.

Како што пренесува словенскиот портал Сиера 5, државниот секретар во Министерството за внатрешни работи и администрација на Словенија најавил дека линијата ќе биде промовирана наскоро, бидејќи Виз Ер сакаат во Марибор да биде стациониран авионот кој претходно беше во Украина. Словенскиот министер за инфраструктура и урбанизам потврди дека имало разговори со Визер за воведување на линијата Скопје – Марибор, но истакна дека наскоро треба да се постигне конечен договор.

Пред неколку денови, Виз Ер која е најбрзорастечката авиокомпанија во Европа, најави постепено повторно отворање на 7 линии и воведување на 2 нови линии од Скопје и Охрид до дестинации во 7 земји, почнувајќи од март и мај. Новите линии се однесуваат на Лутон кој ќе биде поврзан со Охрид и втората линија е Скопје – Малта. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Д-р Костов: Македонското здравство во текот на пандемијата се доведе во една ситуација да зависи од моментална инспирација на поединци

Следно

До 10 часот излезеност од 9, 59 отсо гласачи на претседателските, парламентарните и локалните избори во Србија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian