ВИДЕО: Победа на Рома во стилот на Мурињо, еден шут и еден гол

1 min read

Фудбалерите на Рома ја совладаа Сампдорија со 1:0 како гости во рамки на 31. коло од Серија А и се искачија на петтото место на табелата.

Рома по триумфот во Џенова има 54 бода, два повеќе од Лацио и три од Аталанта која пак има и натпревар помалку во однос на двата римски клуба.

„Римската волчица“ до победата дојде на начин кој му е добро познат на тренерот Жозе Мурињо, од единствениот шут во рамките на голот. Стрелец на голот беше Хенрик Мхитарјан во 27 минута.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тони Бенет нема да настапи со Лејди Гага на Греми наградите: Алцхајмеровата болест си го направи своето

Следно

Затворени избирачките места низ Србија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian