ВИДЕО: Елмас погоди и го остави Наполи во трката за титулата во Серија А

1 min read

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас даде свој придонес во победата на Наполи од 3:1 на гостувањето кај Аталанта во рамки на 31 коло од Серија А, со која остана во трката за титулата.

Со триумфот во дербито, Наполи се искачи на првото место на табелата во Серија А со 66 бода, исто колку што има и Милан кој својот натпревар против Болоња ќе го игра утре.

Елмас иако не беше дел од првиот тим на Наполи, влезе во игра во второто полувреме и со голот во 81 минута ја завери победата на својот тим.

Претходно, Наполи поведе со голот на Лоренцо Инсиње, а Марко Политано го удвои водството во 37 минута. Аталанта во 58 минута, Мартин де Рон намали на 1:2, но немаше сили да го избегне поразот.

Удинезе славеше со убедливи 5:1 над Калјари, а македонскиор репрезентативец Илија Несторовски доби шанса да ги одигра последните 14 минути за домашниот тим.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Синот на Борко и Нина Ристовски наполни четири години: Ти ми покажа што е љубов и среќа

Следно

Голем планетарен собир во знакот Риби: Особено поволен период за некои хороскопски знаци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian