Вечерва во Лас Вегас ќе се одржи 64-тото доделување на Греми наградите: Ова се фаворитите

1 min read

Доцна вечерва во Лас Вегас ќе се одржи 64-тото доделување на Греми наградите, а овогодинешниот фаворит е Џон Батист со најголем број номинации, вкупно 11.

Џастин Бибер, американската раперка Доџа Кет и Габриела Вилсон, позната под уметничкото име „H.E.R.“, имаат по осум номинации, а Били Ајлиш има седум.

Церемонијата првично беше закажана за 31 јануари, но беше одложена поради коронавирусот. Како и минатата година, церемонијата ќе ја води комичарот Тревор Ноа.

Церемонијата на доделувањето започнува во 19.00 часот по локално време, што е околу 4.00 часот наутро по европско време.

Греми наградите се основани во 1959 година и истите се годишни награди и се доделуваат за исклучителен придонес во музичката индустрија, кои ги доделува Американската академија за запис на звук и уметности.

 

Канје Вест доби забрана да се појави на Греми: Нема оправдување за говор на омраза и вознемирување

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дендиас на пат кон Одеса

Следно

Што се случува со Роналдо, повторно не настапи за Јунајтед

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian