Турски државјанин под сомнителни околности починал во Скопје

1 min read

М.К. (42) од Турција починал откако повреден бил донесен во скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“. Р.Е. (34) од Скопје вчера пријавил дека околу 14 часот на улицата „Радован Ковачевиќ” во Скопје, движејќи се со своето возило забележал две непознати машки лица, од кое едното барало помош, а другото било повредено.

Р.Е. ги качил во своето возило и ги однел во клиничкиот центар „Мајка Терза“. Едното лице незабележано заминало, а на повреденото лице му била пружена лекарска помош, при што му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување. Истиот ден околу 19 часот лицето починало, а полицијата констатирала дека се работи за М.К. од Турција.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО: Mицкоски и Николоски на покана на Орбан заедно ги чекаат резултатите од парламентарните избори во Унгарија

Следно

РИК вечерва нема да ги објави првичните резултати по затворањето на гласачките места

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian