Тензични избори во Србија: Претепан опозиционерот Грбовиќ, обвинувања за паралелни избирачки списоци

2 mins read

Лидерот на српската опозициска партија Движење на слободни граѓани Павле Грбовиќ денеска бил нападнат во Земун . Инцидентот се случил во близина на локалниот одбор на Српската напредна партија во Земун. Како што е наведено, Грбовиќ забележал дека членови на СНС користат паралелни избирачки списоци, по што им рекол дека тоа е противзаконски, а десетина од нив го нападнале. Порталот Нова.рс објави видео на кое се гледа како неколкумина го напаѓаат Грбовиќ и го удираат со тупаници и клоци, додека присутите се обидуваат да го оттргнат. Во нападот е повредена на девојката на Грбовиќ.

Во меѓувреме, српските медиуми објавија информација за уште еден физички напад, овојпат врз Милош Вучковиќ, кандидат за советник на опозициската коалиција „Мораме“, кој бил нападнат пред избирачкото место, кога исто така се обидел да спречи паралелни списоци од активисти на Српската напредна партија.

Радомир Лазовиќ од движењето „Да не го даваме Белград“ за Нова.рс детално опиша што се случило по нападот врз Вучковиќ.

„Бев тука да ја смирам ситуацијата и да чекам полиција, а истите луѓе кои го нападнаа Вучковиќ исто така ми се закануваа. Тие рекоа дека знаат каде живеам и дека ќе ме најдат. Според полицијата, едно лице е приведено но Човекот што го удри Милош не беше тој беше уапсен и тој се уште е на гласачкото место“, рече Лазовиќ.

Медиумите објавуваат видеа и фотографии од лица за кои тврдат дека се во близина на избирачки места со паралелни избирачки списоци.

Порталот Нова.рс објави и видео кое велат дека го добиле од читатели, на кое се гледа како една жена со помош на луѓе кои работат на гласачкото место користи двојни гласачки ливчиња кои се обидела да ги извади од гласачкото место.

Фото: Нова.рс

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повторно убави вести од зоолошка: За прв пат се роди бебе од видот двогрба камила

Следно

Каква несреќа: Си купил „Ферари“ и го искршил на три километри од продажниот салон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian