„Слободен печат“: Кој вртел во Бугарија за да не се реши спорот?

3 mins read

Утрешниот весник „Слободен печат“, меѓу другото, донесува

Евроинтеграции
Македонија во клопчето на руската шпионска мрежа – Кој вртел во Бугарија за да не се реши спорот?
– Од Северна Македонија се јавувале во Бугарија, кажувајќи дека не е потребен целиот тој ангажман затоа што овде ќе се оди брзо на избори, дека ќе има предвремени и дека нема да може ниту да се постигне одредено решение, рече шефот на дипломатијата Бујар Османи.
– Постојат поединци, групи, па дури и политички партии кои се финансирани од трети држави, кои не сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ и работат против евентуален договор со Бугарија, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

„Попис 2021“
И атеистите изгубија верба во бројките од пописот
– Денеска ќе се проверува како се променети некои податоци. Според новата табела за верската определба на населението во земјава, бројот на македонски државјани кои се изјасниле како атеисти е 8764, а првичната бројка беше 355 лица. Исчезна и графата евангелско-протестантски христијани, каде претходно беа впишани 8764 лица, како и попишаните лица по верска определба чија бројка беше помала од 500.

Правосудство
Со каква методологија да се оценуваат судовите и судиите?: Важен е квалитетот на судењето, а не „штанцањето“ предмети
– Во ЕУ се гледа поединечно колку предмети решил судијата во разумен рок, дали пресудите му биле правични, дали биле обжалени, како постапуват во рочиштата. Според актуелните македонски стандарди за оценка на еден судија или суд во земјава се калкулира само бројот на примени, решени и нерешени предмети, па според квантитетот се оценува дал судија или суд ќе добие позитивна или негативна оценка.

Економија
Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје: Ја пренесовме практиката од Турција за поддршка на малите и на средните фирми
– Минатата година речиси се- која четврта новоотворена фирма станала клиент на Халкбанк

Свет
Руските сили се повлекоа од обрачот околу Киев: Буча прекриена со мртви тела и уништени тенкови
– На неколку од десетиците тела на улиците на Буча рацете им биле врзани на грбот, а во некои било пукано од непосредна близина

Спорт
Љубомир Савевски, селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија и тренер на Алкалоид: Мора да направиме спој на младост и искуство во репрезентацијата
– Дел од репрезентативките не размислуваат да играат професионално понатаму, некои сакаат да се откажат, некои не се подготвени да дојдат на подготовки бидејќи се во странство. Треба да одбереме дали да бидеме храбри и да ги собереме најквалитетните, да ги надополниме со таленти и да добиеме репрезентација што ќе трае десетина години, вели Савевски.

Не пропуштајте го секогаш интересниот енигматски прилог Енигмо!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Емотивен говор на Михајловиќ од болница за своите играчи пред дуелот со Милан

Следно

ФОТО | Синот на Борко и Нина Ристовски наполни четири години: Ти ми покажа што е љубов и среќа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian