Синот на Бекам ќе има строги правила на венчавката: Гостите без мобилните телефони!

2 mins read

Најстариот син на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија, Бруклин Бекам на 9 април ќе се ожени со својата свршеница Никола Пелц, а во јавноста секој ден се појавуваат нови детали за венчавката на годината.

Имено, кум на венчавката на 23-годишниот Бруклин и 27-годишната Никола требало да биде музичарот Елтон Џон, но тој наводно во тоа време ќе биде на долго планираната турнеја. Меѓу познатите гости ќе бидат Гордон Ремзи, поранешните Спајс Грлс, актерката Ева Лонгорија, синот на Мадона, Роко Ричи и други, пренесува „Mirror“.

Младоженецот за кумови ги зел помладите браќа Круз и Ромео, а Никола својот брат и поранешен хокеј играч Бред. Се шпекулира дека невестата ќе носи венчаница од италијанската модна куќа Валентино, а по официјалната церемонија таа ќе се пресоблече во друг фустан, наводно дизајниран од Викторија.

Додека Викторија е задолжена за модата на венчавката, помладата сестра на Бруклин, Харпер и нејзиниот татко Дејвид ќе имаат многу важни улоги тој ден. Наводно Харпер ќе биде деверуша, а Дејвид ќе биде задолжен за говорот.

Свадбата ќе биде на раскошниот имот на таткото на Никола, Нелсон Пелц во Флорида и тоа во склад со еврејската традиција.

„Имотот на таткото на Никола е совршен за свадбена церемонија. Покрај луксузната вила со 27 спални соби, има и базен, пространи градини и живописен поглед на морето“, изјавил анонимен извор.

Имено, на сите гости ќе им биде забрането да ги користат своите мобилни телефони за време на церемонијата, а првите фотографии од невестата и младоженецот ќе бидат ексклузивно дадени на „Vogue“.

Да потсетиме, Бруклин и Никола почнаа да се забавуваат во 2019 година, а само една година подоцна, во јули 2020 година, ја објавија својата свршувачка и оттогаш се чини дека интересот на јавноста за нивната венчавка не престана.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

РИК вечерва нема да ги објави првичните резултати по затворањето на гласачките места

Следно

Алкараз е првиот Шпанец со триумф на мастерсот во Мајами

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian