Салах се премисли, останува во Ливерпул до крајот на кариерата

1 min read

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах одлучил да ја прифати понудата на „црвените“ и да потпише нов договор со кој на „Енфилд“ ќе остане до крајот на кариерата, пренесува англиски „Сандеј тајмс“.
Според весникот Салах не само што ќе потпише нов договор со Ливерпул, туку е подготвен да остане на „Енфилд“ до крајот на кариерата.

Преговорите меѓу Ливерпул и Салах и неговиот агент Рами Абас Иса траат веќе неколку месеци и досега беа безуспешни. Последната понуда на Ливерпул е нов четиригодишен договор вреден 400.000 фунти неделно, или околу 20 милиони фунти годишно и според весникот токму оваа понуда е прифатена од страна на Салах кој барал договор до крајот на сезоната.

Со новиот договор, Салах би станал еден од најдоброплатените фудбалери во Премиер лигата.
Пред да се согласи на понудата, Салах и неговиот агент бараа 500.000 фунти неделна плата, но тоа беше одбиено од управата на клубот.

Салах во дресот на Ливерпул одигра 186 натпревари во Премиер лигата на кои постигна 117 гола и имаше 44 асистенции.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина Естел Харис позната по својата култна улога во „Seinfeld“

Следно

Бугарите се жалат дека поради евтиното јагнешко месо во Македонија е загрозен бизнисот со овци во Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian