РЕЦЕПТ | Сашко и Сашка ни подготвија: Здрава паста со пилешко и зеленчук во рерна

3 mins read

Сашко и Сашка стојат зад креативниот инстаграм-профил за храна sash_dream. Сашка работи како координатор за набавки во странска компанија, а Сашко го менаџира сопствениот ресторан специјализиран за кетеринг и организација на настани од секаков тип.

Сашко и Сашка ни подготвија класично тирамису: Мали трикови, кои прават голема разлика во вкусот

Нивна заедничка пасија е гастрономијата, па како што ни открива Сашка, со готвењето се релаксира по напорните денови на работа, а Сашко пак, ја развива својата креативност преку естетското послужување на приготвената храна. Оваа суперидеја е производ на пандемијата, а инспирација црпат од секојдневието и од блоговите за храна.

„Многу често се случувало да патуваме заедно, да вкусиме нешто карактеристично за дестинацијата, а ново за нас и веднаш кога ќе се вратиме да пробаме да направиме наша варијанта“, ни откриваат тие.

Овојпат Сашка и Сашко споделуваат рецепт за здрава паста со зеленчук!

„Овој рецепт се подготвува премногу едноставно, намирниците речиси ги имате дома, а доколку ги немате слободно може да импровизирате! Еве го рецептот за супер едноставната паста во фурна“, велат тие.

Состојки:

– 400-500 гр интегрални тестенини (шпагети)
– 1 тегла (400 гр) доматен сос
– 150 гр печурки, ние користевме вргањ
– 200 гр свежи пилешки гради
– брокула
– тиквица
– 3 лажици маслиново масло
– зачини по желба (сол, шарен бибер, оригано, босилек, црвен пипер)
– 700 мл вода

Подготовка:

Исечете ги тиквицата, брокулата, печурките и пилешкото месо на коцкички. Во еден длабок сад ставете го зеленчукот, а во друг пилешкото месо и печурките. Додадете зачини по желба и по една лажица маслиново во двата сада и промешајте. Во длабока тава за печење премачкајте 2 лажици маслиново масло и одозгора распоредете ги шпагетите. Истурете го доматниот сос низ целата тава за да се покријат шпагетите и протресете го тавчето за сосот да навлезе насекаде измеѓу шпагетите. Одозгора ставете го зеленчукот, печурките и пилешкото (ако не сакате месо додадете повеќе печурки). Додадете ја пола количина од водата и ставете го тавчето во загреана рерна на 200-220°С. По првите 20 мин од печењето додадете го и остатокот вода. Вкупно се пече околу 30-35 минути, но постојано надгледувајте и ќе знаете дека е готово кога ќе си се проврие течноста.

Оваа доза е направена за 5 лица, а нутритивните вредности по порција се следните:

– 475 калории
– 73 гр јаглехидрати
– 5.7 гр масти
– 27 гр протеин

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стоилковски: Јавно приватно партнерство во последниве пет години се поврзува само со бројни афери наместо добивање поквалитетни услуги во здравството

Следно

Сари: Италијанскиот фудбал доцни 30 години зад европскиот, стадионите ни се катастрофа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian