Продолжува „бејби бумот“ во скопската зоолошка градина. Вака директорот на скопската зоолошка градина ја соопшти веста за денешната принова. По вчерашните информации за лемурчето и ламата, од денес ова место е побогато со приновата од двогрбите камили.
Веста беше споделена и на фејсбук страната на скопската зоолошка градина каде информираа дека малиот Буби одлично напредува, постојано е со неговата мајка Мираи, а со таткото Карлос во надворешното живеалиште ќе бидат заедно за околу една недела.
Скопјани, но и сите други љубители на животните со радост ги примаат вестите околу новороденчињата во скопската зоолошка градина.