Почина Естел Харис позната по својата култна улога во „Seinfeld“

1 min read

Актерката Естел Харис, позната по улогата на вечно незадоволната мајка на Џорџ Костанза во телевизиската класика „Seinfeld“, почина на 93-годишна возраст.

Американската актерка починала од природна смрт во Палм Дезерт во Калифорнија, пренесуваат американските медиуми. Тажната вест за нејзината смрт ја соопшти семејството на актерката.

„Со најголемо жалење и тага објавуваме дека Естел Харис почина вечерва во 18:25 часот“, изјави нејзиниот син Глен Харис. „Нејзината добрина, страст, чувствителност, хумор, емпатија и љубов беа практично неспоредливи и ужасно ќе им недостасувааат на сите што ја познаваа“, додаде тој.

 

Таа е родена како Естел Нусбаум на 4 април 1928 година на Менхетен, а актерската кариера ја започнала релативно доцна, во нејзините 40-ти. Ја започнала својата холивудска кариера во „Looking Up“, а потоа во „Once Upon a Time in America“ пред да се појави во три епизоди во „Night Court“.

Таа беше во брак со нејзиниот покоен сопруг Сај Харис од 1953 година до неговата смрт во јануари 2021 година, оставајќи зад себе три деца – Ерик, Глен и Тарин, и три внуци и правнуци.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Косовските Срби организирано заминуваат да гласаат во Србија

Следно

Салах се премисли, останува во Ливерпул до крајот на кариерата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian