Пет секојдневни навики кои ја влошуваат псоријазата

3 mins read

Псоријазата е хронична воспалителна болест на кожата која се карактеризира со појава на остро ограничени црвеникави плочи покриени со сребрено бели лушпи.

Покрај кожата, болеста редовно ги зафаќа скалпот и ноктите, а кај некои пациенти и зглобовите во форма на псоријатичен артритис што може да создаде трајна инвалидност.

Статистиките покажуваат дека псоријазата е една од најчестите хронични кожни болести. Тоа е хронична и непренослива кожна болест која може да се контролира со лекови, е многу честа и се појавува кај луѓе чиј имунолошки систем добива погрешни сигнали кои предизвикуваат пребрзо обновување на клетките на кожата.

На псоријазата влијаат и некои од секојдневните навики кои ја влошуваат, па затоа е пожелно да се избегнуваат.

1. Секогаш сте под стрес

Стресот има големо влијае на влошувањето на псоријазата. Обидете се да ги откриете причините за стресот и, секако, да ги избегнувате колку што е можно повеќе. Ако сте имале навистина стресен ден, обидете се на крајот на денот да се занимавате со некоја активност што ве опушта.

2. Пушење

Ако имате псоријаза и пушите, тогаш најверојатно и постојано имате проблеми, бидејќи илјадници токсини од цигарата можат да предизвикаат воспаленија. Престанете да пушите и намалете го ризикот од многу други болести како на пример, рак на белите дробови, срцеви заболувања …

3. Премногу големи количини алкохол

И пиењето на алкохол може да предизвика воспаленија, а премногу големите количини можат да ја влошат псоријазата. Но, алкохолот ја остава и кожата сува, а сувата кожа е нешто што заболените со псоријаза треба да го избегнуваат по секоја цена.

4. Брза храна

Иако оваа храна е вкусна и лесно достапна за сите, пациентите со псоријаза би требало да ја избегнуваат. Брзата храна содржи состојки кои можат да бидат поттикнувачи за воспаленија. Пожелно е да се избегнува и преработената храна.

Избегнувањето на одредени видови производи, или инсистирањето на некои, според стручната литература, не доведува до подобрување на псоријазата. Но, сите знаеме колку исхраната е важна за доброто функционирање на организмот и општото здравје. Исхраната базирана на зеленчук, овошје, житарки, омега-масни киселини е многу важна. Рафинирани шеќери, млекото, млечните производи, месото, мастите треба да се користат минимално, во разумни количини, на нив не смее да се базира исхраната, предупредуваат дерматолозите.

5. Користење неквалитетна козметика

Внимателно избирајте ја козметиката која ја користите секој ден, а пожелно би било во договор со вашиот лекар. И најважно, секако избегнувајте ја сувоста на кожата. Кога купувате козметика, задолжително избегнувајте ја онаа која може да предизвика иритација и сувост на кожата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО| Грците нападнаа конвој на НАТО и американските сили

Следно

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ „Состојбите во здравството“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian