Османи: Од македонски институции се јавувале во Бугарија за да не се реши спорот

1 min read

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешниот брфинг со новинарите откри дека лица вработени во македонски институции минатата недела се јавувале во Бугарија со цел да не се реши спорот меѓу двете држави.

-Оваа недела од Северна Македонија се јавувале во Република Бугарија кажувајќи дека непотребен е целиот тој ангажман затоа што овде ќе се оди брзо на избори, дека ќе има предвремени и дека нема да може ниту да се постигне одредено решение, рече Османи.

Тој не откри за кои лица и институции станува збор, но дополни дека овие лица се на иста линија со двајцата вработени во Државната агенција за национална безбедност на Бугарија кои работеле за Македонија да нема европска иднина, а вчера ги посочи бугарскиот премиер Кирил Петков.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што се случува со Роналдо, повторно не настапи за Јунајтед

Следно

Д-р Костов: Македонското здравство во текот на пандемијата се доведе во една ситуација да зависи од моментална инспирација на поединци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian