Мицкоски во штабот на Орбан во Будимпешта, чека нова победа на унгарскиот премиер

1 min read

Претседателот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Александар Николоски, се во Будимпешта, каде ги следат резултатите од парламентарните избори во оваа земја, соопшти Мицкоски на Фејсбук.

Тој вели дека очекува нова победа за Орбан, чијашто партија Фидес, како и ВМРО-ДПМНЕ, е дел од Европската народна партија, која ги обединува десничарските политички сили во Европа.

„На покана на нашиот голем пријател и пријател на Македонија, Orbán Viktor, денес заедно со потпретседателот Aleksandar Nikoloski ги чекаме резултатите од парламентарните избори во Унгарија, во изборниот штаб на Fidesz. Очекуваме нова, четврта по ред победа за Fidesz и нов четврти по ред премиерски мандат на Виктор Орбан!“. напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во објавата на Фејсбук.

Мицкоски не наведува дали во унгарската престолнина се сретнал со поранешниот премиер и прв човек на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој со години живее во Будимпешта, каде што избега и доби азил токму од власта на Орбан, за да одбегне казна за кривични дела за кои е осуден или сѐ уште се гони во Македонија. Минатата недела, Мицкоски во интервју за ТВ21 тврдеше дека последната средба со Груевски му била пред пет години.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лапорта им објави војна на Сити и на ПСЖ: Зад нив стојат „фабрики за пари“

Следно

ФОТО: Mицкоски и Николоски на покана на Орбан заедно ги чекаат резултатите од парламентарните избори во Унгарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian