Мајли Сајрус е позитивна на ковид-19: Не ми е жал, вредеше

3 mins read

Мајли Сајрус објави дека е позитивна на коронавирусот. Имено, 29-годишната пејачка верува дека вирусот го добила за време на неодамнешната турнеја низ Јужна Америка, прва во изминативе седум години.

Мајли неодамна имаше настапи на фестивалот „Lollapalooza“ во Аргентина, Чиле и Бразил, како и на концерт во арената во Богота, Колумбија.

Ѕвездата на својот официјален твитер-профил им се обрати на своите обожаватели и ја сподели веста дека е позитивна на вирусот, но дека не жали за турнејата.

„Патувајќи низ светот, пеејќи за 100.000 луѓе навечер и среќавајќи се со стотици обожаватели дневно, шансите да заболите од ковид се прилично големи. Сега имам ковид, но дефинитивно вредеше“, напиша Мајли.

Во продолжение на твитот, Сајрус објасни дека како резултат на нејзиниот позитивен тест за вирусот, била принудена да го откаже закажаниот настап на денешниот филантропски настан „Janie’s Fund“ чиј домаќин е фронтменот на Аеросмит, Стивен Тајлер.

„За жал, поради ова, го пропуштам „Janie’s Fund“, што е лошо бидејќи тоа е добротворна организација која е многу важна за мене и за мојот пријател Стивен Тајлер. Се чувствувам добро, затоа не грижете се за мене! Извини Стивен! Ќе мораме да „одиме по овој пат“ друг пат!“, напиша во продолжение таа.

Инаку, вчера излезе нејзиниот прв албум во живо насловен „Attention: Miley Live“. Последниот албум на Сајрус беше „Plastic Hearts“ кој го издаде во 2020 година, по што се трансформираше во вистинска рок ѕвезда.

ФОТО | Мајли Сајрус им честита на идните младенци: Со среќа, мојот брак беше катастрофа

 

ВИДЕО | Авионот во кој леташе Мајли Сајрус, погоден од гром: Беше страшно, но сега сме на безбедно

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Излезноста на изборите во Србија до 14 часот е 30,4 отсто

Следно

ВИДЕО: И жените имаат „жолта минута“, масовна тепачка на фудбалерки во Турција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian