Лапорта: Горд сум што Барселона остана во сопственост на навивачите, а не на некоја држава или олигарх

2 mins read

Каталонскиот гигант Барселона полека излегува од финансиската криза која му се закануваше да го банкротира клубот, и по доаѓањето на Жоан Лапорта за претседател работите одат во позитивна насока.

Долговите на Барселона направени од претходната управа предводена од Хосеп Марија Бартомеу  изнесуваа речиси 1,4 милијарди евра, но минатиот месец беше потпишан спонзорски договор со компанијата „Спотифај“, а се исто така е договорено клубот да добие финансиска инјекција од американската банка „Голдман Сакс“ тешка околу 600 милиони евра.

Лапорта на денешното собрание на Барселона ги објасни деталите од договорот со „Спотифај“ поради што и легендарниот стадион ќе се преименува во „Камп Ноу Спотифај“.

– Во сезоната 2020/21 ги имавме најлошите биланси во историјата на клубот, имавме загуби од 481 милион евра, а вкупните долгови изнесуваа 1,35 милијарди евра и притоа немавме пари на сметките. Бевме на работ на банкрот и моравме да најдеме решение. Едно од решенијата е договорот со „Спотифај“  како и долгорочниот заем. Сега сме стабилни, можеме да одиме напред, но не смееме да се опуштиме – изјави Лапорта.

Според договорот, Барселона во наредните четири години ќе добива нешто помалку од 70 милиони евра годишно од „Спотифај“ чие лого ќе биде на дресовите од следната сезона. Барселона исто така позајми 595 милиони евра од „Голдман Сакс“.

–  Имавме само две опции, за оваа што се одлучивме или за втората со која Барселона ќе станеше сопственост на некоја држава или олигарх. Горд сум што не се одлучивме за такво решение ниту во најтешките моменти. Барселона не е таков клуб, и засекогаш ќе остане во сопственост на навивачите – рече Лапорта.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Брус Вилис се подготвувал за најлошото сценарио: Продал имот во вредност од 65 милиони долари

Следно

Стоилковски: Јавно приватно партнерство во последниве пет години се поврзува само со бројни афери наместо добивање поквалитетни услуги во здравството

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian