Излезноста на изборите во Србија до 14 часот е 30,4 отсто

3 mins read

Во Србија граѓаните од 07 до 20 часот гласаат на претседателските избори, предвремените парламентарни избори и избори за Собранието на Белград и уште 13 градови и општини. За околу 100.000 гласачи од Косово гласањето на изборите е организирано во најблиските општини во централна Србија.

Според Цесид и Ипсос, до 14 часот гласале 30,4 отсто од запишаните гласачи. Според податоците на РИК, од запишаните 6.502.307 до 12 часот гласале 20,52 отсто од гласачите.

– Денеска е голем ден, верувам дека излезноста ќе биде голема, дека граѓаните ќе ја изберат својата иднина и продолжување на економскиот напредок на Србија. Верувам дека изборите ќе поминат во најдобар ред и очекувам и верувам во значајна и убедлива победа, изјави актуелниот претседател и кандидат на СНС, Александар Вучиќ, на гласањето во Белград.

Набљудувачите на Цесид и ЦРТА соопштија дека веќе во првиот дел од изборниот ден забележале повеќе случаи на физичко и вербално насилство на избирачките места, непочитување на процедурите, сликање на гласачките листи, користење на мобилните телефони, физичка пресметка во Нови Пазар поради што доцнеше отворањето на едно гласачко место, а информираат и за голем број други насилни инциденти.

РИК потврди дека во Земун е дојдено до физички напад врз лидерот на опозициското Движење на слободни граѓани, Павле Грбовиќ, како и на еден пратеник на владејачката СНС во Чачак и на член на движењето „Да не го давиме Белград”.

– Припадниците на Министерството за внатрешни работи ги преземаат сите мерки и дејствија за расветлување на околностите за инцидентите што се случија на денешниот изборен процес во Чачак и белградската општина Земун”, соопштија од МВР.

Изборите во Србија ги следат повеќе од 4.000 набљудувачи од домашните организации ЦРТА и ЦЕСИД, како и делегации од Европскиот парламент, Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) и Европската мрежа на организации за набљудување на изборите (ЕНЕМО).

На претседателските избори на гласачкото ливче има осум кандидати, а за парламентарните се пријавени 19 листи.

Во два града и 12 општини се гласа за состав на локални парламенти – во Белград, Бор, а советници ќе се избираат во општините Аранѓеловац, Смедеревска Паланка, Севојно, Лучани, Књажевац, Медвеѓа, Бајина Башта, Дољевац, Кула, Кладово, Мајданпек и Сечањ.

Граѓаните избираат и 110 советници во белградското Собрание, кои потоа ќе го изберат градоначалникот на главниот град на Србија.

Првите прелиминарни резултати РИК ќе ги објави 24 часа по затворањето на гласачките места, в понеделник на 4 април до 20 часот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МВР: Денеска 153 казни за брзо возење на територија на СВР Тетово

Следно

Мајли Сајрус е позитивна на ковид-19: Не ми е жал, вредеше

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian