Ипсос/ЦЕСИД ги објавија првичните резултати: Вучиќ со убедлива предност пред останатите

2 mins read

Објавени се првите прелиминарни резултати од парламентарните избори. Според првите резултати на „Ипсос Србија“ / ЦЕСИД, Александар Вучиќ освоил 59,5 отсто од гласовите, што е повеќе од потребните 50 отсто за победа во првиот круг, додека второпласираниот Здравко Понош освоил 17,3 отсто. Според „Ипсос“ и ЦЕСИД составот на српскиот парламент засега изгледа вака:

Следува список на кандидати и проекција на процентот на освоени гласови:

Граѓаните на Србија денеска гласаа на претседателски и парламентарни избори, додека ново свикување на локални собранија беше избрано во два града и 12 локални самоуправи. Право на глас во Србија имаа 6.502.307 гласачи.

Еве како засега изгледа составот на српскиот парламент според „Ипсос“ и Цезид:

Александар Вучиќ – Заедно можеме се: 122 мандати, 59,5 отсто

Ивица Дачиќ – премиер на Србија: 32 мандати, 11,6 отсто

Сојуз на Војводински Унгарци – Иштван Пастор: 5 мандати, 1,5 отсто

д-р Воислав Шешељ – Српска радикална партија: 0 мандати, 2,2 отсто

Мариника Тепиќ – Обединети за победа на Србија: 36 мандати, 12,8 отсто

д-р Милош Јовановиќ – Коалиција Нада: 15 мандати, 5,4 отсто

Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски – Бранители: 11 мандати, 3,9 отсто

Аманет на муфтијата, СПП, Усама Зукорлиќ: 3 мандати, 1 процент

Коалиција Мора: 11 пратенички места, 4,3 отсто

Суверенисти – Саша Радуловиќ: 0 мандати, 2,2 отсто

Бошко Обрадовиќ – Двери – ПОКС: 11 мандати, 4 отсто

Заедно за Војводина: 2 мандати, 0,7 отсто

СДА Санџак – д-р Сулејман Угљанин: 1 мандат, 0,5 отсто

Борис Тадиќ – Ајде луѓе: 0 мандати, 1,7 отсто

Алтернатива за промени – Албанска демократска алтернатива: 0 пратенички места, 0,1 отсто

Коалиција на Албанците од долината: 1 мандат, 0,3 отсто,

Киднапирани бебиња Ана Пејиќ: 0 мандати, 0,8 отсто

Ромска партија – Срѓан Шајн: 0 мандати, 0,2 отсто

Алијанса на руското малцинство: 0 места, 0,2 отсто

Неважечки ливчиња: 3,1 отсто

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Избори во Србија: Еве како Србите гласаа во Скопје и Куманово

Следно

ВИДЕО | Манекенка руши митови за стандардите за убавина во модната индустрија: Не е толку гламурозно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian