ФОТО | Синот на Борко и Нина Ристовски наполни четири години: Ти ми покажа што е љубов и среќа

1 min read

Синот на ракометниот голман Борко Ристовски и неговата сакана Николина, вчера го прослави својот четврти роденден.

Сопругата на легендарниот голман е активна на социјалната мрежа „Инстаграм“ каде често споделува убави моменти од нивниот приватен живот.

Така и овојпат, Нина по повод роденденот на нивниот син Душан сподели неколку фотографии од роденденската забава проследена со убава порака.

„Среќен роденден лавче мое мало!!! Ти ми покажа што е љубов и среќа, ти благодарам сине за секој миг. Во животот сакам прво да си среќен а потоа се по ред“, напиша Нина во описот на неколкуте фотографии од славеникот и роденденската торта.

Вчера и Борко сподели фотографија од својот син по повод неговиот роденден.

„Синко мој… Биди здрав и среќен. Нека небото ти е лимит. Среќен роденден љубов татина“, напиша гордиот татко во описот на фотографијата на која славеникот ги дува роденденските свеќички.

Да потсетиме, Нина и Борко се во брак  од почетокот на 2018 година. Свадбена веселба правеа на 5 јануари следната година. Синот Душан, е плод на нивната голема љубов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Слободен печат“: Кој вртел во Бугарија за да не се реши спорот?

Следно

ВИДЕО: Елмас погоди и го остави Наполи во трката за титулата во Серија А

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian