Фиго: Застрашувачки е да загубите од Македонија на домашен терен

1 min read

Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго, не може да прифати дека Италија загуби од Македонија во полуфиналниот бараж натпревар за пласман на Светското првенство во Катар, поради што „аѕурите“ нема да настапат на втор Мундијал по ред.

– Да загубите од Македонија на домашен терен е нешто застрашувачко. Цели 12 години без Италија на Светско првенство, мајко мила. За среќа, ние победивме и еве не на Светско првенство во Катар и тоа во група со со Уругвај, Гана и Јужна Кореја. Доколку евентуално и Португалија загубеше од Македонија, прво ќе леташе „главата“ на селекторот Фернандо Сантош  – рече Фиго.

Македонија со голот на Александар Трајковски во 92 минута ја шокира Италија во Палермо, но потоа во финалето на бараж натпреварот за пласман на СП во Катар, загуби од Португалија со 2:0.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Нетфликс“ и „Сони“ ги откажуваат проектите со Вил Смит: Крис Рок продолжува да профитира

Следно

Повторно убави вести од зоолошка: За прв пат се роди бебе од видот двогрба камила

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian