Денес променливо облачно со локален дожд, од утре постудени со можни врнежи од снег

1 min read

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и источни делови, кои на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југозападен правец. Во делови од котлината ќе има повремен слаб дожд.

Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините со локални врнежи од снег. В среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а температурите ќе бидат во пораст.

skopjeinfo.mk

Претходно

Променливо време со дожд, на планините снег – стабилизирање на времето од среда

Следно

ВИДЕО| Грците нападнаа конвој на НАТО и американските сили

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian