Чави не го сака Роналдо на „Камп Ноу“

1 min read

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, наводно ја отфрлил можноста на лето да потпише со ѕвездата на Манчестер јунајтед и поранешен играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, пишува шпанскиот весник „Ел Насионал“.

Роналдо минатото лето се врати на „Олд трафорд“, но Манчестер јунајтед игра далеку послабо од очекувањата и најверојатно екипата нема да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, поради што Португалецот сака да си замине. Како една од опциите е токму Барселона.

Наводно, суперагентот Жорге Мендеш, ги понудил услугите на Роналдо на Барселона, но бил одбиен од страна на тренерот на каталонскот тим, Чави Ернанез.

Чави смета дека евентуалното доаѓање на Роналдо на „Камп Ноу“ би претставувало најголемо предавство во историјата на односите помеѓу Реал Мадрид и Барселона.

Роналдо девет години (2009-2018) го носеше дресот на Реал Мадрид и настапи на 30 „Ел класика“ против Барселона притоа постигнувајќи 18 гола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Каква несреќа: Си купил „Ферари“ и го искршил на три километри од продажниот салон

Следно

Нови 196 ковид случаи, 23 оздравени и еден починат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian