Бартомеу не може да вети дека руските клубови ќе се вратат во Евролигата

1 min read

Првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу не може да вети дека руските клубови од идната сезона повторно ќе бидат дел од најсилното клупско кошаркарско натпреварување на стариот континент.

Поради руската воена инвазија врз Украина, Евролигата ги суспендира ЦСКА Москва, Зенит и Уникс , а Локомотив Кубан е суспендиран од Еврокупот до крајот на сезоната поради што им се избришани сите резултати.
Но, денеска Бартомеу изјави дека не е сигурно дека руските екипи ќе се вратат за идната сезона.

– Рано е да зборуваме за следната сезона, треба да видиме како ќе се одвива ситуацијата и се ќе биде појасно по завршниот турнир. Доколку ситуацијата остане непроменета, тешко е дека руските екипи ќе се вратат во Евролигата – изјави Бартомеу.

ЦСКА Москва има А лиценца која и гарантира учество во Евролигата без разлика на пласманот во домашниот шампионат, а згора на тоа е еден од основачите на лигата. Од друга страна, Зенит и Уникс имаат едногодишни лиценци кои нема да бидат продолжени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Голем планетарен собир во знакот Риби: Особено поволен период за некои хороскопски знаци

Следно

РИК: Излезноста во Србија до 18 часот е 50,82 отсто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian