Нагетси не успеаја да забележат победа во новиот натпревар оваа сезона во НБА лигата и покрај одличните перформанси на Никола Јокиќ.
Составот од Колорадо беше поразен од Минесота со резултат 136:130, а српскиот центар во редовите на Денвер беше најефикасен на мечот со импресивен „дабл-дабл“ учинок од 38 поени, 19 скокови и осум асистенции.
Го следеа Гордон со 24 и Морис со 23 постигнати поени, а на спротивната страна за Тимбервулвс се истакна Ентони Таунс со 32 поени, а Расел запиша 24.
Денвер е моментно шестопласиран со учинок 46-32, додека Минесота е седмопласирана на Западот и има две победи помалку од Нагетси.
НБА лига, резултати –
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 111:114
Денвер – Минесота 130:136
Сан Антонио – Портланд 130:111
Милвоки – ЛА Клиперс 119:153
Мемфис – Феникс 122:114
Хјустон – Сакраменто 117:122
Оклахома – Детроит 101:110
Бостон – Индијана 128:123
Орландо – Торонто 89:102
Вашингтон – Далас 135:103